Компаниите, претходно овој месец, поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД за својата вакцина, која е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години и во САД и во ЕУ.

Нивното барање е врз основа на позитивните резултати од клиничкото испитување во доцна фаза, кое опфатило 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија Фајзер и БиоНТек.

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски изјави неодамна дека очекува вакцината на Фајзер/БиоНТек да биде одобрена за деца од 12 до 15 години до средината на мај.