Утрово во нашето радио гостуваше градоначалникот на Општина Куманово и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. На новинарско прашање „Дали Максим Димитриевски повторно ќе трча за градоначалник или ќе оди во „повисока политика“, тој го кажа следново:

Не сум пресекол или пак имам донесено одлука дали на следните избори ќе бидам кандидат за градоначалник на Куманово. Тоа е во втор план. Планирам да ги прашам граѓаните на Куманово како тие размислуваат. Со анализи, но и со непосредни анкети преку месните заедници ќе донесам одлука. Каде ќе бидете во политиката е во втор план. Функцијата не го прави човекот, туку човекот ја прави функцијата, вели Димитриевски за Радио Лидер.

Тој додаде дека верува дека со добро менаџирање еден ден можеме да кажеме дека Куманово е, и ќе биде еден европски град.

Димитриевски за недоразбирањата со ВЛЕН: Со нив имаме некои недоразбирања, но јас барам почитување закон

Тој одговори зошто по изборите останал градоначалник на Куманово и не отишол во централната власт.

Многу ќе беше политички некоректно веднаш по изборниот процес, јас како претседател на нова политичка партија да излезев од Куманово и да речев „да јас ќе бидам дел од централната власт“. Тогаш се ќе се срушеше како кула од карти и ќе ги разочарав граѓаните дека едноставно бркам позиција за самопозиционирање, а не концепт на нов и здрав политички субјект, заклучува Димитриевски.