Голема врева во јавноста предизвика Законот за легализација на дивоградбите, по што претседателот Стево Пендаровски реши да не го потпише Указот за Законот за легализација на бесправно изградените објекти.
Но, за тоа каква е фактичката состојба на терен, објаснуваат експерти За Радио Лидер.
Околу 130 илјади предмети се уште стојат нерешени од причина што општините немале капацитет за истото. Над 130 илјади случаи стојат во фиока и не се решени по стариот закон, значи луѓе кои поднеле во законски рок ама не им се решени.
Според експертите, не е точно дека се дозволува да се гради во национални паркови, зошто се пресликува истиот член од стариот закон, за легализирање на таков случај да се произнесат сите надлежни институции. Ако станува збор за заштитени подрачја треба да дадат дозвола сите одговорни институции, пример како Министерство за животна средина, Министерство за локална самоуправа итн…
Со новиот Закон кој не помина( односно не го потпиша претседателот Пендаровски) легализирањето нема да биде по иста цена од 1 евро, туку по за половина поскапи комуналии од веќе постојните.
На пример ако за метар квадратен треба 100 евра, со овој закон ќе биде 150 евра.
Со законот за бесправно изградени објекти се воведува нов рок за поднесување на барања за нови градби до денот на влегување на сила на овој закон. (11.мај.2021 ако денеска биде објавен во службен весник)
СДСМ го предложи законот до октомври 2019 година, но со амандман се прифати да може да се доставува барање за сите градби до денот на стапување на сила на законот – Ова е предлог прифатен од страна на опозицијата.
Експертите објаснуваат – бидејќи нема како да направи пресек што е изградено до ноември 2019 и од причина да не се прават злоупотреби, но и да нема вакуум период се прифати амандманот поднесен од ВМРО ДПМНЕ.
Висината на надоместокот за утврдување на правен статус на бесправен објект се утврдува на начин што висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за објектите со истата намена, се зголемува за 50% и се множи со површината на бесправниот објект, која е утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект.
(пример во Карпош ако е 100 евра комуналии за м2 сега ќе платат по 150 евра по м2 за новата легализација наместо како порано по 1 евро за м2, или за 100м2 ако се легализираат како објект ќе чини 15.000 евра )
Прифатен е амандман да престанат судските и кривичните постапки што се започнати после 3 март 2011. Пред се целта на овој амандман е да биде уставно за сите граѓани, а не ако некој има кривична постапка да биде нееднаков спрема оној што градел после рокот а нема добиено кривична пријава бидејќи со новиот рок сега сите граѓани ќе можат повторно еднако да поднесат барање и за градби после 3 март 2011 и да бидат опфатени со овој закон но ќе платат повисока рестриктивна цена.
Инаку овој закон плус и стариот закон што е на сила кој сега е во второ читање следната недела, а се бара само продолжување на рокот за 5 години за оние што поднеле барање да можат да ја водат постапката по стариот закон, се прифатени на лидерската средба.
Стотици илјади граѓани сеуште го немаат решено ова прашање и затоа е добро да има продолжување на нов рок на ваков закон. Но и за да се спречи продукција на нови градби, па сите што сега ќе легализираат ќе платат многу повисока цена а не како што беше со законот претходно по едно евро м2, велат експертите, со што објаснуваат дека од една страна законот е рестриктивен за да нема продукција на нови градби а од друга страна многу граѓани ќе може да го решат своето имотно прашање.
Останува да нема легализација во заштитени зони односно секоја институција да се произнесе во зависност од заштитното или културното подрачје каде се наоѓа објекотот. Сите партии го гласаа овој закон освен неколку пратеници кои сметаат дека треба да се престане со легализација како термин и постапка