Дали Снежана Калевска Ванчева ја злоупотребила функцијата за да нејзиното адвокатско друштво земе 55.000 евра тендери? Во период од 3 и пол години адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, каде сопственици се Снежана Калевска Ванчева од СДСМ и извесна Виолета Василева преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ. Па оттука прашуваме дали таа ја користела позицијата за нејзиното адвокатско друштво да добива тендери? ДКСК треба да отвори случај во најкраток можен рок, и да утврди дали и како се кршел законот?! Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, велат од партијата.
Од таму прашуваат што е причината поради кое токму адвокатското друштво на Качевска Ванчева се јавува како адвокатско друштво ангажирано од споменатите институции?!