– Преполни се кафеаните, обложувалниците, автобусите. Тоа се жариштата. Огромна среќа во целата несреќа е што колективниот имунитет е некаде околу 45-46 проценти и вирусот потешко наоѓа жртви, вели Даниловски.
Според него, треба да се спроведат комплетни затворања за викенд.
– Тоа треба да биде 24/7, а да работат само продавниците за храна и аптеките. Едноставно да се задржи здивот. Тоа не мора да биде на цела територија, туку само на оние подрачја каде што трендот е најголем, смета Даниловски.