На социјалната мрежа „Икс“ се појави иницијатива за покренување петиција со која се бара промена на официјалното име на Косово во Дарданија.

Веста за новата иницијатива ја објави страницата „kos_data“, со образложение за причините поради кои се бара враќање на овој историски термин.

„Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија било античкото име на овој регион и се залагаат тоа да се врати како официјално име на Косово“, се наведува во објавата на страницата.

 

Ова не е прв пат во Приштина да се покренува ваков барање. Иста ваква иницијатива беше организирана на еден од градските плоштади на крајот од 2024 година.

Целта на тогашните организатори беше собирање на 10.000 потписи кои потоа требаше да бидат доставени до „Собранието на Република Косово“ со цел името Косово да се замени со Дарданија.

Тезите на албанските теоретичари е дека го добиле името Дардани од албанскиот збор за круша („дарда“)

Географските граници на античка Дарданија опфаќале многу поширока област – вклучувајќи ги Ниш во централна Србија и Скопско во Македонија и денешна источна Албанија.