Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица” во Струга физички го нападнала својот осумгодишен син и го присилувала да питачи. Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи, малолетникот e пренесен во Општата болница во Струга каде му e укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што e пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца” во Скопје.
По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.