Инспекција влегува во основното училиште „7 Март“ во тетовското село Челопек, откако се појавија фотографии на кои се прикажани деца облечени во униформи на УЧК и со пушки во рацете, на приредбата во училиштето за Денот на албанското знаме.
Раководството и наставниците кои организираа училишна приредба со амблеми на УЧК ќе одговараат
Според министерката за образование Јаневска, не се виновни децата, туку родителите кои гордо ракоплескаат на изведбата на нивните деца и раководството на училиштето кое дозволило да се организира ваква приредба.
Вели дека ваквиот чин е педагошки неисправен, нечовечен и законски казнив.