Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на два затворача (шибери) на водоводна мрежа со пречник од Ф 500мм. на улица „Киро Глигоров“ крстосница со ул. „Перо Наков“, од  08:00 часот  до завршување на интервенцијата,  прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од  нас. Керамидница, дел од улица „Киро Глигоров“, (од крстосницата со Перо Наков до мостот Близнаци) и дел од улицата „Перо Наков“ во околината на Металски Завод Тито.

За време на прекинот  обезбедена е и цистерна со питка вода која ќе биде стационирана на паркингот кај Бриколаж.

Овој дел од Скопје е под општина Гази Баба.