Првиот снег нема да ги изненади екипите на Зимската служба на Град Скопје. За претстојната зимска сезона се подготвени 18 возила, но и сите дежурни екипи за навремено дејствување на терен.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари вечерна посета на пунктот на службата за зимско одржување на скопските сообраќајници за лично да ја провери состојбата на терен.

„Обезбедени сме со големи резерви на сол, сите ресурси ги имаме. Подготвени сме, треба граѓаните нормално да функционираат“, истакна Ѓорѓиевски при посетата на пунктот на Зимската служба.

Тој исто така нагласи дека надлежните градски служби се наоѓаат во постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи и се целосно подготвени да дејствуваат уште пред да падне првиот снег на сообраќајниците.