Делегацијата е во состав на претседателот Фадил Зендели и членовите Маја Морачанин, Александар Велјановски, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска-Ванчева и Никола Мицевски.
Од собраниската прес-служба соопштија дека според програмата, пратениците од двата законодавни дома ќе разменат искуства и мислења за законодавната улога на парламентот, потоа работата на комисиите, односите меѓу владејачките партии и опозицијата, а предвидена е и експертска презентацја за шведскиот модел на влада и администрација, односно поделбата на одговорноста меѓу нивоата на власт и соработка меѓу националното, регионалното и локалното ниво и електоратот.
Во декември 2020 година, Одборот на Риксдагот донесе одлука да спроведе соработка за демократски развој со Собранието на Република Македонија со цел зајакнување на демократските институции и комуникација на демократските вредности, односно размена на искуства помеѓу пратениците и градење на односи меѓу парламентите, со цел да се создадат мрежи и на тој начин да се обезбедат можности за поддршка и размена на знаења.
Во текот на измината година, членовите на Управувачките групи на Собранието и на Риксдагот одржаа три состаноци на далечина, а по оваа прва посета на Стокхолм, се планира возвратна посета на Скопје, на почетокот на февруари 2022 година.