Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Божидар Аџија“ во општина Кисела Вода.
Како што информира Јавното претпријатие„Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ без број, во близина на комплексот „Шампионче“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.
Без вода денеска од 9 часот ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Копенхагенска“, „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Стокхолмска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“ во општина Карпош.
Прекинот е поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата „Копенхагенска“ бр.4б.
-Поради специфичноста на дефектот очекуваме санирањето да биде во вечерните часови, соопшти „Водовод и канализација“ – Скопје.