Податоците собрани помеѓу 28 јуни и 11 јули покажуваат дека варијантата делта е доминантна во 19 од вкупно 28 земји.
Просечното учество на анализираните случаи на делта варијантата во овие 19 земји е 68,3 проценти. Претходно доминантната алфа варијанта достигна учество од 22,3 проценти.
Бројот на потврдени случаи се зголеми во Европа во последните четири недели, со особено брз пораст кај помладите луѓе.
Според сегашните трендови, во следните месеци делта ќе стане доминантна варијанта на коронавирус во светот.
– Далеку сме од ставање крај на пандемијата и, за жал, во многу земји од нашиот регион бележиме значително зголемување на случаите поврзани со ширењето на варијантата делта со голема преносливост. Добрата вест е дека податоците јасно покажуваат оти приемот на вакцини значително го намалува ризикот од сериозни болести и смрт. Кога ќе бидат повикани да го сторат тоа, луѓето треба да се вакцинираат, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге.