Во однос на текстот кој што објави Радио Лидер, стигна соопштение од општинското основно училиште Св Климент Охридски од Драчево, пристигна демант од институција

Во целост ви го пренесуваме демантот од основното училиште 

Општинско основно училиште „Св.Климент Охридски“ с. Драчево
Општина Кисела Вода,Скопје,Република Северна Македонија
kliment_ohridski_d@yahoo.com 02/2791065
ул. Јустинија Први бр.98

1
Демант од наставник
Јас, В.В. предметен наставник по Германски јазик во ООУ Св. Климент Охридски, село Драчево го давам следниов демант во врска со статијата објавена во дневниот весник ВЕЧЕР на 20.12.2021, Физички и вербален напад на наставник од страна на
ученик од деветто одделение: Не е точно дека имам отсуство во училиштето поради вознемиреност, напротив, веднаш дојдов на работа следниот работен ден и секојдневно доаѓам на работа. Точно е дека ученикот од деветто одделение вербално несоодветно се изрази кон мене но по завршување на часот родителите самоиницијативно веднаш дојдоа во
просториите на училиштето, два пати во текот на денот со извинување поради вербалниот испад на нивното дете а следниот работен ден ученикот ми се извини за упатените зборови. Во меѓусебен разговор ги надминавме недоразбирањата.


Ученикот и друг пат поради неговата емотивна природа имал мали испади но ние наставниците ги учиме карактерите на децата и им помагаме да се адаптираат на различни животни ситуации. Ученици доаѓаат со различно расположение во текот
на денот и во природата на адолесцентите е да бидат бунтовни но ние сме тука да ги научиме на сите животни предизвици. Жалам што медиумите се се помалку професионални и не земаат изјави од двете инволвирани страни а најмногу жалам
што учениците добиваат се повеќе негативно медиумско внимание.

Демант од ученик
Јас, ученичка од деветто одделение, изјавувам дека директорката по настанот следниот ден кој се случи на часот по германски јазик дојде и поразговара со нас.Не праша за настанот и за нашите размислувања околу тој настан. Директорката ни
кажа дека тоа што го направил ученикот не спаѓа во кодексот на однесување за во училиште и дека иако понекогаш, бидејќи сме во побертет може да имаме некаква фрустрација кон некого и да сакаме да го нападнеме не треба да избрзуваме со
нашите постапки и треба да имаме самоконтрола.

Потоа не повика на соработка со предметниот наставник и на создавање здрава клима за работа на часовите, иако згрешил ученикот побара од нас да му дадеме подршка да го подобри неговото
однесување и да не го исмејуваме по другите одделенија, туку за сите проблеми кои се случуваат да разговараме во паралелката, бидејќи ние сме една заедница и се што се случува во одделението не треба да се изнесува надвор и дека ни стои
секогаш на располагање кога сакаме да разговараме со неа за било каков проблем.

Општинско основно училиште „Св.Климент Охридски“ с. Драчево
Општина Кисела Вода,Скопје,Република Северна Македонија
kliment_ohridski_d@yahoo.com 02/2791065
ул. Јустинија Први бр.98

2
Демант од директор
Почитувани медиуми. За настанот на часот по германски јазик сум известена од страна на предметниот наставник, стручната служба, родителите на ученикот, самиот ученик и соучениците во паралелката. Ги повикав сите засегнати страни во настанот. Можам да потврдам дека родителите на ученикот сами дојдоа во училиштето. Наставничката по германски јазик редовно доаѓаше на работа секој работен ден без прекин и нејзиното присуство е уредно евидентирано. Помогнав педагошки и стручно да се надмине немилиот настан. За мојот професионален однос можат да посведочат учениците, засегнатиот наставник и родителите. Вистина е дека овој случај е во тек и нема целосна разрешница поради тоа што одделенскиот раководител на паралелката имаше смртен случај, загуби близокчлен од семејството, својот животен сопатник. Но, и покрај тоа одделенскиот
раководител беше информиран за секој преземен чекор. По враќање на одделенскиот раководител на работа ќе се завршни целосната постапка. Согласно Правилникот за изрекување на педагошки мерки и казни во училиштето каде што
постои постапност за изрекување на педагошките мерки, првата педагошка мерка гласи ,,усна опомена од одделенскиот раководител”, а за таа цел треба да биде присутен одделенскиот раководител на паралелката. Можам да потврдам дека
наставата на часот по германски јазик се одвива непречено, во работна и пријатна атмосфера благодарение на отворената соработка на родителите, ученикот, наставничката и соучениците. Жалам што како професионални медиуми пред да ги
објавите вестите не побаравте изјава од засегнатите страни.
Со почит:
Директор на ООУ Св. Климент Охридски Драчево
Валентина Трајкоска