Десетина илјади Суданци излегле во неделата на улиците на Картум и другите градови ширум земјата.Со протестите е одбележана и третата годишнина од бунтот кој довел до тоа војската да го симне од власт долгогодишниот автократ Омар ал Башир и неговата исламистичка влада во април 2019-та.
Силите за безбедност користеле солзавец за да ги растераат демонстрантите кои се обиделе да пријдат до претседателската палата на брегот на Син Нил во срцето на Картум.Протести се одржани и во други градови, меѓу другите и Атбар, местото каде избил бунтот против Ал Башир.
Суданскиот комитет на лекари соопштил дека 28-годишен маж бил убиен откако бил застрелан во гради вчера на протестите во областа на источен Нил во Картум.Повеќе од 120 луѓе биле ранети во судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност во Картум, соопштило Министерството за здравство.