Најавени се пригодни обраќања на командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини по што ќе бидат објавени стимулативни мерки на припадници од единицата и ќе има прелет на воздухоплови.
На свеченоста, како што најави Министерството за одбрана, ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, државниот секретар Драган Николиќ, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.
Воздухопловниот ВИНГ го прославува 10 јуни, откако на тој датум во 1992 година се случил првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско воено воздухопловство.