Прекини на електрична енергија во неколку скопски улици
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на 6 март 2026 година (петок) дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Мирослав Крлежа. Прекин ќе има и кај корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов во општина Центар.
Во општина Карпош, пак, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Миле Поп Јорданов. Прекинот таму ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, а се однесува на објектите лоцирани во околината на хотел Гранит.
