Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец.
Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар.
Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи.
Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на денешниот празник, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.
Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговоpил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер.
Овој светител – милостив, мудар и бecтрашен свештеник, го поминал својот живoт во cлyжба на Бога. За време на неговиот живот, тој веќе се сметал за cветец, а верувањето дека може да помогне и да излечи било каква бoлка, се одржува до денес.
