Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со Ковид-19, седницата на која ќе се одржи ждрепката ќе биде без присуство на овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи.
Денес ждрепка за редоследот на гласачките ливчиња
Д
Државната изборна комисија соопшти дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на денеска со почеток во 13 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала.