Направени се 2.379 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово – 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга – по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци – по 1.
Регистрирани се 689 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40, 52, 55, 59, 64, 72 и 85), 6 од Битола (63, 68, 70, 71, 71 и 85), 3 од Куманово (73, 76 и 84) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88), Кавадарци (82), Струмица (73), Струга (69), Свети Николе (64), Крива Паланка (74), Радовиш (75) и Пробиштип (52). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2.379 тестови преку: ИЈЗ – 459, ЦЈЗ Скопје – 44, ЦЈЗ Битола – 84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 13, Институт за микробиологија – 138, МАНУ – 76, Жан Митрев (Филип Втори) – 115, Авицена – 195, Биотек – 254, Систина – 189, лабораторија Лаор – 361, Синлаб – 31, Ремедика – 36, Плодност – 48, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 336.
Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.