Прекин поради замена на воздушен вентил

Жителите на село Драчево во општина Кисела Вода денеска ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради техничка интервенција на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Според соопштението, на улицата „Јустинијан Први“, во близина на мостот, ќе се врши замена на воздушен вентил. Поради изведбата на зафатот, водата ќе биде исклучена од 08:30 часот.

Од претпријатието наведуваат дека прекинот ќе трае сè до целосно завршување на санацијата на дефектот и нормализирање на системот.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да обезбедат резерви на вода за основните потреби до повторно воспоставување на редовното водоснабдување.