Ссончево време со мала до умерена облачност, за денеска најавуваат од УХМР.
Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 18, а максималната да достигне до 35 Целзиусови степени.
Според најавите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
