Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец ќе биде време денес. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 35 степени.
Во Скопје сончево време со дневна температура од 33 степени.
За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. УВ=8
Во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град.