Денеска Македонија ја очекува сончево и топло време со температури кои на места ќе се искачат и до 33 степени. Ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат меѓу 7 и 16 степени.
Во главниот град времето ќе биде слично, сончево со мала до умерена облачност. Скопје ќе има утринска температура од околу 14 степени, додека дневниот максимум ќе достигне до 32.
Според прогнозата на УХМР, стабилните услови ќе траат само до недела попладне, кога се очекува нова промена на времето. Циклонската активност ќе донесе поројни дождови и грмежи, а на одредени места процесите ќе бидат поинтензивни со повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен.
Во понеделник ќе се засили северниот ветер, со удари над 60 километри на час, а потоа повторно се предвидува стабилизирање на временските услови.