Албанската Влада денешниот ден го прогласи за ден на национална жалост во знак на почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Веста на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа во како знак на болка и молитва за жртвите од големата трагедија од земјотресот на турско-сириската граница, како и во знак на солидарност со пријателска Турција.

Тој потсетува дека Турција застана покрај неговата земја по катастрофалниот земјотрес на 26 ноември 2019 година.

Знамињата пред државните институции ќе бидат спуштени на половина копје.

-Спуштањето на државното знаме на половина копје и палењето свеќа од страна на секој човек, по желба и можност, ќе бидат значајни знаци на понеделникот обележан со човечка болка и народна солидарност што ги надминува нашите граници, напиша Рама.