Парадата ќе се одржи во самиот центар на Приштина, во пешачката зона, со почеток во 11:30 часот, а ќе се финализира со пригодни говори и со концерт на платото кај хотелот „Гранд“.
По 2017 година во Косовскиот главен град редовно се одржуваат паради на гордоста, освен лани, кога не беше организирана поради пандемијата на Ковид-19. Пред тоа, од 2014 со 2016 година, во Приштина беа организирани маршеви на припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ популацијата. Сите овие манифестации поминаа без посериозни инциденти и само со помали јавни демонстрации на противниците на ваквите манифестации.
Парадата на гордоста, која годинава се одржува под мотото „Заедно и горди“, според организаторите, „има за цел јакнење на ЛГБТИ-лицата за нивно соочување со секојдневната дискриминација во Косово“.
Организатори на парадата се Центарот за развој на општествените групи (ЦСГД) и Центарот за слобода и еднаквост (ЦЕЛ), заедно со нивните партнерски организации, меѓународната Заштитници на човековите права (ЦРД), и косовските Иницијатива на младите за човекови права (ЈИХР КС) и Центар за родови студии