Така, како што велат, Европската унија првпат од средината на минатата година целосно ги отвори своите граници за црногорските граѓани.

-Благодарение на поволната епидемиолошка состојба во Црна Гора, нашите граѓани ќе можат да патуваат без ограничувања кон ЕУ, рамноправно со жителите на земјите-членки каде епидемиолошката состојба е исто така поволна, велат од Институтот за јавно здравје на Црна Гора..

Условите што Црна Гора требало да ги исполни за да влезе на зелената листа се кумулативната инциденца да е помала од 50 на 100 илјади жители и процентот на позитивни тестови во обработениот примерок е помал од четири.

-Вредноста на кумулативната инциденца во изминатите 14 дена во Црна Гора е 38,95 на 100 илјади жители, додека процентот на позитивни тестови во обработениот примерок во истиот период е 1,39 проценти, велат црногорските епидемиолози.

Во таа земја, според здравствените власти, сè уште не е потврден случај на инфекција со делта сојот на коронавирус, но е зајакнат епидемиолошкиот надзор, особено на крајбрежјето каде престојуваат голем број туристи.

Црна Гора досега вакцинирала третина од возрасната популација, додека бројот на активни случаи на инфекција со коронавирус се намалил на 280.

Од почетокот на пандемијата, близу 100.000 Црногорци се заразени со коронавирус, а 1.610 жители на таа земја починале како резултат на инфекцијата.