Стрелбата со 10 плотуни од 6 артилериски орудија ќе се реализира во касарната „Илинден“ по повод Денот на Армијата
Од Армијата ги информираат граѓаните на Скопје дека на 17-ти август 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во касарната „Илинден“, единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата, со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници и е во склоп на активностите кои се реализираат по повод 18 август – Денот на Армијата.