На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.
Манифестацијата се одржува 18. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат различни видови мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а ќе можат да добијат и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.
Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.