Освен општината Куманово која ја посочија вчера, од СОНК денеска соопштија уште девет општини, од кои една проблемот го решила, со средства од самофинансирање и рекоа дека е извесен штрајкот на неисплатените наставници.
– Како револуционерен град, тука е и општина Прилеп, кај што не се исплатени. Не се исплатени ни во Тетово, Гостивар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци да – од сопствени сретства, во Велес не се исплатени, Штип, Кочани… Сега ова е само до министерката. Јас сум убеден дека многу посериозно ќе пристапи до овој проблем , дали ќе оди преку Влада, дали на некое друго ниво партиско. На крајот на краиштата , мора тоа да се направи. Во спротивно, нашата заложба е наставниците да си ги добијат своите сретства и искрено тоа што го кажавме ќе го спроведеме , односно синдикалните организации ќе донесат одлуки , после први јуни практично ќе влезат во штрајк, истакна Јаким Неделков- претседател на СОНК.
Од МОН вчера рекоа дека на време уплаќаат блок дотации за прекувремената работа на наставниците, но градоначалникот на Куманово демантира.
– Ние како општина во овој момент ги примаме само редовните пресметани блок дотации за финансирање на воспитно – образовниот процес или пренесените надлежности од државата. За овие планирани сретства немаме дополнителни сретства во делот за надоместоци за плати или за прекувремена работа во образованието. Доколку ни бидат исплатени сретствата ние ќе ги трансферираме до сите наставници, вели Максим Димитриевски.
А, денеска од МОН со одговор дека сретставата од блок дотациите имаат конкретна намена.
Чаир, Карпош, Долнени, Петровец, Кавадарци, Крива Паланка , Кичево, Струмица, Радовиш и Ѓорче Петров, се општините во чии училишта, наставниците се исплатени за прекувремената работа во пандемијата.