Маж на возраст од 56 години е осомничен дека неколкукратно силувал десетгодишно девојче во период помеѓу 2018 и 2019 година во Струга. Против него е покрената истрага, а обвинителството бара да му се одреди притвор поради страв од бегство.
Како што велат од обвинителството, силувањето се случувало во неговиот и во домот на девојчето.
-Тој ги искористил блиските релации со семејството и моментите кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години – велат од обвинителство.