Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска денеска ќе ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ.
Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи прес-конференција пред поднесување на кандидатурата.
– #Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува, стои во поканата за прес-конференцијата.
Во медиумите се споменуваше дека е можно да се кандидира и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.
Внатрепартиските избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски и раководството на партијата по поразот што партијата го претрпе на парламентарните избори, на кои освои 18 пратенички мандати. Во недела, 9 јуни, е закажан и отчетниот Конгрес на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат.