Во голема полициска акција утрово биле уапсени бизнисмени, инспектори и политички функционери.
Меѓу уапсените е и Исмет Гури поранешен заменик директор во дирекцијата на УЈП во Скопје… Акцијата ја спроведува МВР во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според информации на Телма, уапсени се тројца вработени во УЈП меѓу кои се Гури и неговиот син. Осомничени се вкупно 15 лица и 3 фирми.
Станува збор за злоупотреба со финансисксиот инструмент даночен гарант при што е направена штета на буџетот од околу 840 илјади евра.
Осомничените се товарат за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба“, „затајување на данок и перење пари“.
Акцијата се одвивала подолго време, а била почната по сомнежи во Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР. Меѓу приведените се и бизнисмени, сметководители и инспектори.
Најголемо име приведено во акцијата е поранешниот заменик директор на скопската дирекција на УЈП Исмет Гури. Тој претходно беше сменет кога неговата матична партија ДУИ почна да ги разрешува функционерите кои се приклучија на огнената група.
Минатата недела Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.