Местото е премногу опасно и затоа локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно, рече градоначалничката на првиот крак, Анастасија Чалкија, нагласувајќи дека штом ќе се стемни ќе биде тешко да се продолжи со потрагата.

Роденденска забава на тројца млади Македонци на плажата Мити во местото Посиди се претворила во вистински кошмар, пишува грчкиот весник „Прототема“. Додека најмладиот кој има 25 години бил спасен од сурфер, по другите двајца кои имаат 28 односно 30 години уште се трага. Во спасувачката акција на првиот крак на Халкидики учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство, пишуваат локалните грчки медиуми.

„Роденденската забава се претворила во кошмар за тројцата туристи кои се забавувале на плажата, кога решиле да се приближат до многу опасен дел од брегот и да се нурнат во морето “, наведува весникот, додавајќи дека некои од присутните на плажата сфатиле што се случило и веднаш ги известиле надлежните.

– Местото е премногу опасно и затоа локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно – рече градоначалничката на првиот крак, Анастасија Чалкија, нагласувајќи дека штом ќе се стемни ќе биде тешко да се продолжи со потрагата.