Италијански воен авион се урна за време на вежби во Торино, падна врз автомобил и усмрти петгодишно девојче.

Според првите извештаи, до несреќата дошло затоа што авионот влетал во јато птици, а потоа почнал да се губи. Пилотот успеал да се катапултира, а авионот паднал на самиот крај од пистата.

По експлозијата се превртел автомобил во кој се превезувало четиричлено семејство. Родителите успеале да го изведат постариот син на сигурно, но додека се обидувале да го спасат девојчето автомобилот се запалил и не можеле ништо да направат.

Девојчето Лаура (5) починало, а момчето се здобило со тешки изгореници и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата.

Неговата состојба е многу сериозна и според првите проценки изгорениците покриле 15 отсто од неговата телесна површина.

Таткото на починатото девојче е во болница и цело време и вика на ќерка си.

-Многу е вознемирен, мисли само на неа. Рече дека слушнал силен шум – објави директорот на болницата во Торино, каде е сместен.

Директорот на болницата во Торино додал дека мајката на девојчето е во тешка состојба и дека се здобила со изгореници на 13 отсто од површината на телото.