Обвинителството отвори предмет, како се случил скандалот во извидничиот камп
Обвинителството отвори предмет, а полицијата ги повика организаторите на кампот од Првиот скопски извиднички одред каде викендов, според тврдењата на родители на дел од учесниците – шеснесет годишни деца, биле изложени на скандалозни призори, обуки и барања како дел од наводна сексуална едукација.
Од МВР за Телма потврдија дека во вторникот, родител на дете учесник во кампот пријавил во полиција, известено било Обвинителството по чиј налог се повикани на разговор одговорните лица во извидничкиот одред.
Град Скопје соопшти дека се оградува од активниостите во кампот, ја прекинуваат соработката со Првиот скопски извиднички одред и ја делат загриженоста со јавноста околу непрофесионалноста при работење на сензитивни теми како сексуалното образование.
А за тоа што се случувало во кампот насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“ открија родителите на децата. Под превезот на сексуална едукација децата требало да глумат секс пози, да одговараат на прашања од типот на број на сексуални партнери, да симулираат секс и да се соблекуваат.
Неговото дете, истрауматизирано од случките, во моментов работи со психолог.
Родителите ги демантираат одговорните во кампот дека немало поплаки од децата.
Неколку деца кои минатиот викенд биле во кампот веќе го напуштиле одредот а родителите порачуваат дека обвинителството мора да ја заврши рабоптата за да се открие што точно се слулчувало во кампот во Градовци, Зелениково.