Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил најостро ги демантираше и ги отфрли како невистинити денешните наводи изнесени во соопштението на СДС.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата за какво било незаконско или противправно постапување, нагласувајќи дека податоците за јавниот долг се официјални и се засноваат на релевантни информации од сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности и обврски.
Министерката посочи дека обвинувањата се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста.