Народот јасно гледа дека состојбата е неподнослива со уништената економија, доста е од националните предавства и порази кои што ги организира и во континуитет им ги приредува на народот владата на СДС и ДУИ, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при денешната посета во општина Теарце во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.
Според Димитриеска Кочоска нема потреба да се случуваат лидерски сресби само за маркетинг потреби, туку треба да се седни на маса и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот од уставните измени, децидно повторувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржува уставни измени.
Јасно е дека уставни измени нема да има и заради тоа нема потреба од лидерски средби доколку се прават само за маркетинг потреби. Потребно е да се седни и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случи по неуспехот од уставните измени, истакна таа.
Потретседателката Димитриеска Кочоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на граѓаните за развој во економијата, притоа зачувувајќи го македонскиот идентитет и токму поради тоа граѓаните бараат предвремени избори.
ВМРО-ДПМНЕ има свој концепт кој што го нуди пред граѓаните и од таа причина извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
Граѓаните сакаат предврелени избори се со цел да може да дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ кој што има свој развоен концепт и ќе ја развие економијата, притоа зачувувајќи го македонскиот идентитет, рече Димитриеска Кочоска.