Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во Дневникот на телевизија Сител му порача на против кандидатот од редовите на СДСМ Оливер Илиевски дека по однос на сузбивање на демократијата, кумановци нема никогаш да му простат на Илиевски.

„По однос на сузбивање на демократијата, е тука кумановчани никогаш нема да ви простат. Овие лузни на главата се токму за борба на таадемократија, додека седевте по кафулиња некој крвареше и денеска се правите најголемите социјалдемократи коишто со прст не мрднаа за да се промени оној режим, а многу направија за да дојде и да наликува оваа структура дел од луѓе, бидејќи СДСМ има членство и тоа како уникатно, храбро и чесно, но дел од овие луѓе го трансформираа тој мој СДСМ во денеска на тоа што личи. И граѓаните тоа евидентно го казнуваат. Беше борба на Давид против Голијат, но вие изгубивте господине Илиевски, а граѓаните победија“, истакна Димитриевски.