Промискуитетни изјави кои имаат за цел да дискредитираат и да ги делат граѓаните по политичка припадност не коментирам, вака градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги коментира вчерашните изјави на претседателот на државата Стево Пендаровски за Димитриевски.

Димитриевски вели дека негова цел е да ги обедини граѓаните кои се длабоко поделени по сите основи особено Македонците кои се згазени и се чувствуваат предадени од страна на сопствените политички репрезенти.

Луѓето не ги делам по политичка, верска или било каква друга основа а најмалку пак ги доживувам како глас, за мене секоја индивидуа е личност со интегритет и единствената разлика може да се направи во однос на добри и лоши, работливи и неработливи, луѓе со став и луѓе кои менуваат ставот по потреба или пак по налог како што за жал до сега многупати се потврди во случајот на нашиот Претседател на државата. Како и да е Македонија преживејала и полошо и полицемерно но никогаш не доживеала ваква рашомонијада и импровизации кои се секојдневни, сите заедно ќе го надминеме и овој феномен и повторно ќе продолжиме напред, истакнува Димитриевски.