Тие уште во првиот напад на мечот, преку Ди Марко нафрлија во петерецот на Димитриевски, но одбраната беше на висина на задачата, објави Спортманија.
Првата шанса за Македонија ја имаше Елмас во петтата минута кога влезе во шеснаесетникот, но неговиот шут беше блокиран.
Во 12-та минута, Италијанците постигнаа гол, но беше поништен поради офсајд на Распадори.
Офанзивната игра на Италија вроди со плод во 16-та минута кога Дармијан го отвори резултатот.
Аѕурите желни за одмазда за поразот од Палермо, но и поради влогот, пласман на ЕП, продолжија со офанзивната игра и во финишот постигнаа уште два гола преку Киеза.
Претходно, во 38-та минута Димитриевски му го одбрани пеналот на Жоргињо. Н
о, Киеза во 42-та минута зголеми на 2:0, а во последните моменти од првиот дел, со прекрасен шут погоди за високи 3:0.