Димитриевски до Филипче: Со златна виза не се станува лидер на народ
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, жестоко го нападна Венко Филипче на средба со граѓани и симпатизери во Охрид, прашувајќи го за што ќе ја користи „златната виза“ од Дубаи.
- „Човек кој добил можност трајно да се исели од државата, не може да биде партиски лидер. Со една нога надвор, со мисла за бегство, не се станува водач“, изјави Димитриевски.
Тој додаде дека ваквите сигнали говорат за недостаток на визија, а не за лидерство.
ФИЛИПЧЕ ПРИЗНА ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Заев веќе е таму?
Димитриевски ја обвини СДСМ дека станала структура што опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови, отуѓена од народот и реалноста.
Апел до членовите на СДСМ: „Кажете доста е“ и приклучете се кон ЗНАМ
Лидерот на ЗНАМ упати повик до сите искрени членови на СДСМ да се приклучат кон нивното движење, обвинувајќи го актуелното раководство за елитизам и корупција. „Ова е повик до вашата совест. Не заради нас, туку заради иднината на оваа земја“, рече тој, нагласувајќи дека ЗНАМ не прави поделба на левица и десница, туку на оние што искрено се борат за Македонија и оние што ја користат за лични цели.
Средбата со граѓаните во Охрид помина со дискусии за реални проблеми – нефункционално здравство, блокирани инвестиции, масовно иселување на младите и институционална парализа. Движењето најави продолжување на теренските средби низ целата држава.
Извор: Макфакс