-Искрено да ви кажам, јас сум навреден што во македонската јавна дебата за толку големо и суштинско прашање за нас ние добиваме информации преку не од некој бугарски медиум етаблиран туку од БГНЕС. Ни повеќе, ни помалку делови од билатералниот протокол првиот што сега се вградува во преговарачката рамка, па Вархеји ќе мониторира како работи комисијата на историчарите преку вградување на билатералниот протокол, а нашава јавна дебата се информира од тоа што го објави вчера БГНЕС, истакна Никола Димитров во гостување во утринска емисија на Телевизија 24.

Димитров додаде дека молчењето можеби понекогаш е злато, но ако се молчи кога е готово, кога ќе се случеше дебата во Македонија по однос на ова круцијално прашање во однос со спорот со Бугарија.

-Кога ќе има расправа во Собранието? Денес требаше да почне првата политичка меѓувладина седница. Кога планираше Владата да отвори една јавна дебата? Министерот вели дека ќе има јавна дебата ако излеземе од рамките за заедничката усвоена декларација во Собрание. А, кој ќе цени дали сме излегле од рамките, Владата и ли органите кои што ја донеле декларацијата, праша Димитров.