Владата ќе учествува на билатерални и економски средби
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе учествува на Самитот за Западен Балкан, кој годинава се одржува во Лондон, Велика Британија. На настанот ќе го придружува владината делегација составена од вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани.
Делегацијата ќе присуствува на голем број состаноци во рамки на Берлинскиот процес, а на маргините на самитот се предвидени и билатерални средби со претставници на други земји. Владината прес-служба најавува дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите постигнати договори и резултати од средбите.
Покрај дипломатските разговори, делегацијата ќе оствари и економски работни средби, насочени кон унапредување на меѓусебната соработка и економскиот развој на регионот.