Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против трите јавни обвинителки. За обвинителката Вилма Русковска се бара разрешување од обвинителската функција, објави Макфакс.
„За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители“, велат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Тие донеле одлуки и за другите обвинителки. Ивана Трајчева, која ја заменувала Русковска е казнета со намалување на плата, а пак, Елизабета Јосифовска е ослободена иако таа го потпишала документот за претрес.
„За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци. За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“, соопшти ЈОРМ.
Судирот Вилма Русковска и ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муамери резултираше со дисциплинска постапка за обвинителките. Тој обвинуваше дека претресот во неговите канцеларии не бил согласно закон. Дисциплинска беше отворена на предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметаше дека има низа пропусти со случајот, откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која што раководи. Русковска беше и суспендирана од работа а за тоа кажа дека овој атак го доживува како удар и врз правото и правдата.