Уапсен е возачот кој се снимаше дека вози брзо кај Солун

Снимка од возач кој управувал автомобил „Хонда“ со брзина од 304 километри на час во близина на Солун предизвика силни реакции во Грција. Видеото, објавено на почетокот на јануари на TikTok, брзо се прошири, по што полицијата го идентификуваше и приведе возачот.

Опасно возење прикажувано во повеќе видеа

Според грчките медиуми, лицето објавувало и други снимки на истата социјална мрежа, на кои се прикажува опасно и екстремно брзо возење. Токму ваквата содржина, која јавно го промовира ризичното однесување во сообраќајот, ја забрза реакцијата на надлежните служби.

Брзини над 200 км/ч – сериозен прекршок

Во Грција, возење со брзина поголема од 200 километри на час се третира како сериозен сообраќаен прекршок. За прв ваков прекршок е предвидена парична казна од 2.000 евра и едногодишна суспензија на возачката дозвола.

Казните драстично растат при повторување

Доколку прекршокот се повтори, санкциите се удвојуваат – казната достигнува 4.000 евра, а одземањето на дозволата трае две години. Втор повторен прекршок резултира со казна до 8.000 евра и забрана за управување возило во период од четири години.

Извор: Плусинфо