На седницата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е отфрлен поднесокот против премиерот Мицкоски и неговиот син за патувањето во Вашингтон и со тоа е затворен предметот.

Според документацијата, Антикорупциска констатираше дека синот на премиерот сам си платил и за авиобилетот и за хотелското смествување.

Споед објавените документи, тој воошто не бил сместен во ист хотел со делегацијата на Владата.

18- годишниот Јован Мицкоски го придружуваше својот татко, премиерот Христијан Мицкоски на официјалното патување во САД на Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата во јули.

На 15 јули Комисијата формираше предмет по допрен глас за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, на Самитот на НАТО.