По вчерашната депортација на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Австралија со нова вест.
До 2025 година светскиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ има забрана за влез во Австралија, потврди министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз .
Поради укинатата виза и депортацијата добива автоматски забрана за влез во земјата во следните три години, што значи дека Србинот до 2025 година нема да игра на својот најомилен гренслем кој деветпати досега го освојуваше. Ѓоковиќ вчера беше депортиран од Австралија и со авион на „Емирејтс“ замина за Дубаи, после одлуката на федералниот суд да се потврди одлуката на министерот за имиграција Алекс Хоук со што му се укинува визата и се депортира од земјата.
„Укинувањето на визата ја потврди федералниот суд, така да врз база на тоа, на Ѓоковиќ ќе му биде забранет влез во следните три години“, потврди Ендрјуз.