Изминативе неколку дена Скопје е еден од најчистите градови. Дали има ветер, дали еве има и жестоки инспекциски контроли, сите заедно делуваат на терен. Сето тоа е по едно парче во мозаикот , греењето со дрва е сериозен проблем и затоа јас наредната година најавив , за најмалку три пати ќе го зголемиме буџетот за субвенционирање на домаќинства да го променат начинот на загревање, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.

Ќе има јавни повици, откако ќе го зголемиме Буџетот кој се однесува на субвенционирање на ваков тип на промени во домаќинствата . Повик јавен во кој ќе имаат право да аплицираат сите граѓани кои користат таков тип загревање, има комисии од град Скопје , ги посетуваат да видат дали навистина направиле промена . Обично загревањето е во руралните средини со дрва. Со овој повик ќе биде опфатена сериозна бројка на домаќинства . Така да ова ќе влијае врз намалување на загадувањето од една страна, изјави Ѓорѓиевски.

Од друга страна за да се користат што помалку возила , ќе има модернизација на ЈСП Скопје, затоа што не е доволно само домаќинствата со нов алтернативен начин на загревање . Во моментов многу малку веруваат на јавниот транспорт. Сега имаме 211 автобуси кои се на располагање , покрај приватните превозници вели првиот човек на град Скопје.

Сме ставиле повеќе автобуси во функција, дали е тоа доволно, не е, и затоа тука доаѓа поддршката на Владата со нови 100 електрилни автобуси . Затоа сум благодарен на претседателот на Владата и на министерот за транспорт и врски. Откочен е проектот БРТ, ќе има естетски ред. По сите наши проекции треба во втората половина на наредната година да започнеме со реализација на БРТ . До крајот на мојот мандат би бил ставен во функција БРТ системот . Одиме сега со Градскиот воз , можеби граѓаните се уште не се свесни за употребата, но ќе биде целосно во употреба кога ќе се довршат трите фази. Ние на граѓаните треба да дадеме повеќе алтернативи, изјави Ѓорѓиевски.