-Јас имав комуникација со одредени институции за да може да ги издадеме сите ваучери во текот на неделава. Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат распишани локалните избори, постапката ќе продолжи. Исплата од Министерството за економија до хотелските капацитети не се прави веднаш, но тоа е предвидено во буџетот и ќе се направи во моментот кога ваучерите ќе бидат користени. До крајот на неделава ќе ги издадеме сите ваучери, а до крајот на годината имаме право да ги направиме сите исплати во хотелските капацитети, изјави Бектеши, кој додаде дека интересот за оваа мерка е голем, а финалниот список, кој добил ваучер, ќе биде објавен кога ќе бидат доделени сите ваучери.
До крајот на неделава ќе бидат издадени сите ваучери за туризам
Д
Од 4.000 ваучери за туризам, досега се издадени 2.500, а останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.